| четврток, 6 декември 2018 |

Џенова го отпушти тренерот Мандорлани и го врати Јуриќ

mandorlini

Џенова тргнува по стапките на Палермо кога станува збор за тренерските смени па тимот на Горан Пандев. Утрово ја прекина соработката со Андреа Мандорлини, само за да го врати на кормилото својот доскорешен стратег Иван Јуриќ.

– Ја прекинуваме соработката со тренерот Андреа Мандорлини, заедно со неговите најблиски соработници Алберто Марези и Мауро Марини. Им се заблагодаруваме за досегшаната работа и посветеност и им посакуваме многу среќа при следните ангажмани во кариерата – се вели во клупското соопштение на Џенова.

Италијанските медиуми објавија дека веќе е постигнат договор со Иван Јуриќ за Хрватот да се врати на клупата и да остане најмалку до крајот на сезонава. Тој ќе го има својот камбек во тимот на нашиот Горан Пандев откако Џенова под водство на Мандорлини нанижа четири порази, паѓајќи на 16. место на табелата, со девет бода предност во однос на тимовите од опасната зона која значи преселба во Серија Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top