Расел Вестбрук дефинитивно е незадржлив сезонава. Најдобриот играч на Оклахома е најзаслужен за уште една победа на неговиот тим и тоа минимална од 106:105 во дуелот против Денвер.
За Вестбрук ова беше историски меч, бидејќи стигна до 42. трипл-дабл сезонава и го надмина НБА рекордот на легендарниот Оскар Робертсон, стар 56 години. Робертсон беше рекордер со 41 трипл-дабл средби во една сезона, а сега Вестбрук е новиот рекордер.
Против Денвер, Вестбрук беше незадржлив и мечот го заврши со 50 поени, 15 скока и 10 асистенции. Историскиот момент го направи на 4.17 минути до крајот, кога ја подели 10-тата асистенција. За одбележување беше и феноменалната игра и тројката за победа на првата ѕвезда.
Вестбрук ги даде последните 13 поени за неговиот тим, вклучувајќи ја и тројката со звукот на сирената за победа од 106-105.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)