Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и дефинитивно нема да учествува на Мастерс турнирите на земјена подлога во Мадрид и во Рим. Тој најави дека по триумфите на Австралија Опен, Мајами и на Индијан Велс, му е потребен одмор, па веројатно негов следен настап ќе биде на Ролан Гарос.
На Федерер не му е омилена земјата како подлога, а веќе се наоѓа во зрели тениски години каде мора и да максимално да се одмора за да го исцрпи најдоброто од себе на силните турнири. Тој како приритет ги одреди турнирите на трева и сигурно ќе настапи во Хале, Штутгтарт, а потоа ќе се обиде да стигне и до осмиот трофеј на Вимблдон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.