| четврток, 6 декември 2018 |

Зенит ќе игра на стадион вреден 694 милиони евра

Zenit-

Рускиот фудбалски гигант, Зенит Санкт Петербург планира од следната сезона домашните натпревари да ги игра на новиот стадион „Санкт Петербург”, кој наскоро ќе биде целосно завршен на Крестовскиот остров. Клубот ќе го тестира стадионот и оваа сезона и последните три домашни натпревари од актуелниот шампионат ќе ги играа на новиот стадион.

– Сезоната 2017-2018 Зенит ќе ја започне на стадион „Санкт Петербург”, кој во јуни и јули ќе биде домаќин на натпреварите од Купот на Конфедерации, пишува во соопштението на клубот.

Натпреварите на 23 април против Урал и во мај против Терек Грозни и Краснодар ќе се одиграат на новиот стадион. Овој објект е најскап од новоизградените во Русија со вредност 41,712 милијарди рубљи или 694 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top