| четврток, 6 декември 2018 |

Песна од трибините го збуни Мурињо: За кој Диего пејат навивачите? (Видео)

murinjo

Манчестер Јунајтед денеска убедливо го совлада Сандерленд на гостински терен со 0-3 во Премиер лигата, а навивачите на „црвените ѓаволи“ немаа причина за незадоволство.

Според снимките, тренерот Жозе Мурињо го праша Мајкл Керик, кој седеше зад него на клупата, за кој Диего пејат фановите на Јунајтед на трибините, додека навивачите пееја песна за Уругваецот Диего Форлан, поранешен играч на „црвените ѓаволи“. Заради ова, авивачите на Јунајтед на социјалните мрежи масовно се потсмеваат со португалскиот тренер.

Форлан пристигна на „Олд Трафорд“ во 2002 година и остана две години, притоа постигнувајќи 11 гола. Иако не ги исполни очекувањата, навивачите се уште пеат песни за него поради головите против Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top