Екипата на Милан го торпедираше Палермо на „Сан Сиро“ со 4-0 и се најде на чекор до место на табелата во Серија А лигата кое води во Европа следната сезона.
„Росонерите“ го искористија киксот на Аталанта на домашен терен и бодот против Сасуоло и сега се само два бода зад тимот од Бергамо. Во прилог им оди и резултатот на Интер кој изненадувачки загуби од Кротоне на гостински терен со 1-2.
Сусо го отвори резултатот уште во шестата минута, а до крајот на полувремето со головите на Пашалиќ и Бака Милан имаше огромна предност од 3-0. Во вториот дел надмоќноста на теренот беше потврдена со четвртиот гол, дело на Делуфеу.
Најглемото изненадување се случи во Кротоне, каде истоимената екипа го победи фаворизираниот Интер (2-1) и најави голема борба за опстанок во Серија А. Фудбалерите предводени од Давиде Никола стигнаа до втората последователна победа, по онаа од минатото коло извојувана во Верона кај Киево.
Фалчинели со два гола за три минути ги шокираше „нероаѕурите“, кои преку Д’Амброзио во вториот дел успеаја да ја намалат предноста.
Резултати Серија А:
Сампдорија – Фиорентина 2-2, Милан – Палермо 4-0, Болоња – Рома 0-3, Кротоне – Интер 2-1, Калјари – Торино 2-3, Удинезе – Џенова 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)