| четврток, 6 декември 2018 |

Нова инвестиција влегува во Македонија, американска компанија отвора нови 200 работни места(видео)

Ние и покрај тешкотиите што ги предизвика СДСМ со оваа наметната политичка криза од нивна страна и од страна на сценаристот правиме се што е во наша моќ да продолжат колку што е тоа можно странските инвестиции затоа што отвараат нови работни места, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Деновиве се објави инвестицијата директно од самиот инвеститор која што ќе започне со работа во желино односно имаат веќе започнато објект и кои што ќе вработат 350 луѓе од тој регион. Исто така знаете дека претходните неколку дена ја посетив фабриката што се гради во Струмица во технолошко индустриската зона каде над 1500 луѓе ќе бидат вработени и таа е веќе при крај и од јуни ќе почне со работа. Она што можам да го кажам е дека оваа недела што следува треба да почне со работа нова компанија од Америка од делот на медицинската индустрија. Имено компанијата ја сретнавме пред четири години кога бевме на едно роуд-шоу на една презентација во Бостон пред поголем број на компании на кои што им ги објаснувавме можностите за правење бизнис во Македонија. Тогаш се сретнавме со таа компанија и успеавме да ја убедиме да дојде во Македонија и да ги види можностите. Тие дојдоа и по повеќе анализи кои ги правеа одлучија и веќе земаа браунфилд простор и земаа простор во Охис од 2000м2 и ќе произведуваат работи поврзани со медицинската индустрија и ќе започнат со работа следната недела, истакна Груевски.

Тој потенцираше дека нивната цел е да вработа околу 200 луѓе, но ќе започнат со 50-на, а бројот ќе расте во наредните години. Тој вели и дека има заинтересирани компании кои што сакаат да инвестираат во Македонија, но ќе имало многу повеќе компании и нови работни места доколку оваа криза ја немаше, или доколку завршеше со изборите како што сите посакуваа, а не како сега кога Заев дури сега ги открива своите сценарија и прави дополнителни турбуленции во општеството и кај граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top