| четврток, 6 декември 2018 |

Тифа и Ален најавија спектакуларен концерт в сабота со 40 музичари на сцена

На денешната средба со новинарите Младен Војичиќ-Тифа  и Ален Исламовиќ, ветија неповторлив концерт за македонската публика, пред која како што велат секогаш настапуваат со оргомно задоволство. За овој настап, сцената на салата Борис Трајковски, ќе биде подготвена со највисоки стандарди. Најавија реприза на белградскиот концерт, што помина со големо воодушевување од тамошната публика.

-Сигурен сум дека овој концерт ќе биде за паметење, бидејќи уште додека патував, во авионот сретнав госпоѓа од Загреб, што доаѓаше во македонската метропола, само за нашиот настап рече Исламовиќ.

На новинарско прашање што добиле а што изгубиле со членувањето во „Бело дугме“ и двајцата задоволни.

-Кога ме повикаа да дојдам во групата, за мене тоа значеше само професионален ангажман. Ако денес ме побараат Ролинг Стонси, ќе работам со нив. Така е и за овој концерт, на кој ќе дадам се од себе, и понудата ја прифатив сосема професионално, рече Исламовиќ.

-Уште на самите почетоци кога мојата крв беше свежа, членувањето во „Бјело дугме“, за мене значеше потполно предавање. Сепак, чувството кое го имав на белградскиот концерт ни најмалку не се разликуваше од тоа во младоста. Очекуваме и музичка и емотивна реприза задутре во Скопје, рече Тифа.

Горан Бреговиќ сеуште не е пристигнат во Скопје, утре настапуваат во Софија заедно со обемниот оркестар од 40 музичари.

Денис Илиоски од „Авалон“ најави дека концертот на „Бјело дугме“ кој во сабота ќе се одржи во Скопје технички, музички и сценографски, по ништо нема да се разликува од квалитетот на оној во Белград

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top