Добро е мнозинството да размисли самото да избере претседател на Собранието и на Владата, во кои и да било простории. Таквата влада сигурно дека веднаш ќе биде признаена од ЕУ и САД и тие фактички ќе ги прекинат сите врски со оваа постојната влада, министерствата и другите органи, смета Мерсел Биљали, еден од експонентите на Сорос блиски до СДСМ, кој нуди начин како да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци и да се спречат дискусиите за штетните последици на прифаќањето на тиранската платформа.
Веројатно ова е првото сценарио на коешто размислува Зоран Заев во моментов.
Второто сценарио подразбира насилна узурпација на столчето на претседавачот Трајко Велјановски, со што на негово место би дошол, веројатно, пратеник од ДУИ, кој би ги протуркал предлозите на Заев.
Третото сценарио за кое сѐ погласно се говори меѓу членовите на СДСМ лојални кон Заев е предизвикување насилни инциденти и внатре во Собранието и надвор. Поврзаноста на СДСМ со наркомафијашките структури е јавна тајна и не треба да се исклучи можноста тие повторно да му се стават на располагање на Заев за да се скрати правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, демократски во Собранието да се спротивстават на реализирање на тиранската платформа.
Како поминува времето и како се зголемува излезноста на граѓаните на улиците низ државата против тиранската платформа се минимизираат шансите дека Зоран Заев ќе може да формира влада, спротивно на волјата на народот. Тоа го гледаат и неговите албански партнери кои на СДСМ му донесоа повеќе од 70.000 албански гласови. Јасно се виде дека ова е единствена опција СДСМ да ја намали разликата во гласови со ВМРО-ДПМНЕ и да дојде на власт, а како против надомест СДСМ во целост презеде обврска да ја реализира албанската платформа. Тие сега го држат Заев под притисок и уцена по секоја цена да направи влада.
Дека Заев прифатил сѐ од содржината на тиранската платформа, дури и пред изборите, за што не ги информирал своите гласачи и не го напишал тоа јавно во својата програма, ниту го кажал на митинг, со што извршил постизборна измама потврдува и изјавата на Зијадин Села при посетата со Заев во Берн каде што го промовираше Заев пред албанската дијаспора.
Токму ваквите ветувања и предизборната продажба на Република Македонија од страна на Заев за да дојде на власт сега истиот го прават нервозен, бидејќи народот не го одобрува таквиот план за раскрчмување на државата. Заев мислеше дека планот за реализирање на албанската платформа ќе помине тивко и мирно и без поголем револт кај граѓаните.
Заев на 23 февруари од Сараево не претпоставувајќи ја издржливоста на народот и решеноста да си ја зачува унитарноста, изјави дека ќе формира влада за 10-15 дена и дека владината програма е усогласена со програмите на СДСМ и платформата на албанските политички партии, а останувало само да се усогласи поделбата на ресорите.
Но, како што минува времето, револтот кај граѓаните од продажбата на државата од страна на Заев расте, но расте и стравот и паниката кај Заев дека нема да може да го испорача ветеното пред неговите албански партнери кои му го донеле изборниот резулатат.
Од извори блиски до врвот на СДСМ дознаваме дека Заев имал три опции во глава за тоа како да се изиграат законите и Уставот и да се избере претседател на Собранието и Влада која ќе ја реализира платформата од Тирана и со тоа да се спаси себе си од уцените на партнерите.
Првата опција е веќе изнесена во јавност со кршење на Деловникот за работа на Собранието кој во чл. 80 ст.2 вели дека расправата трае сѐ додека не сѐ исцрпи листата на пријавени за збор и со такво флагрантно кршење на Деловникот да се премине на втора точка на расправа, која би била избор на претседател на Собранието. Доколку СДСМ не успее во тоа, веројатно би оделе на варијантата што ја заговара Мерсел Биљали, а која подразбира формирање паралелни институции.
Втората опција е да предизвикаат тепачка во Собранието и некој од пратениците на СДСМ да седне на местото на Велјаноски, да претседава со Собраниската седница при што планираат веднаш да преминат на гласање на претседател на Собаранието.
За ваквиот начин на разврска Фрчкоски во својата најнова колумна јавно ја советува опозицијата.
„Вељановски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“, пишува Фрчкоски.
Третата опција, за која Заев најмногу се залагал, е да го активира криминалното подземје и делот на трговците со дрога кој остана не уапсен со последната серија на апсења и на тој начин да ги судри со протестантите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од чиешто присуство Заев има огромен страв и ги чувствува како најголема пречка за убрзување на процесот пашејќи се од граѓанската реакција.
Заев веќе работи на ваквиот план и како што објави „Република“ во текстот „Ексклузивно: Заев на тајна средба со албанското подземје, бара заштита за спроведување на тиранската платформа“. Заев се сретнал со структури на албанското подземје да бара од нив заштита и помош, со цел брза реализација на платформата од Тирана.
Дека СДСМ прифатил сѐ од албанската платформа потврда е и неодамнешната изјава на членот на ИО и ЦО на СДСМ, Мухамед Зекири, од гостување на ТВ21, каде што отворено кажува дека СДСМ се согласил со сите точки од платформата од Тирана.
Оттука, логичен е заклучокот дека доколку СДСМ успее во обидите да формира Влада, Македонија од мултинационала ќе стане бинационална држава, двојазична, со тенденција во блиска иднина да се федерализира, со што како логичен след би биле сведоци на скора дисолуција на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)