| четврток, 6 декември 2018 |

Поради непромислен потег Нејмар речиси сигурно го пропушта „ел калсико“ (видео)

nejmar

Барселона доживеа шокантен пораза на гостувањето на „Ла Росаледа“ кај екипата на Малага, но покрај лошата игра која ја прикажаа избраниците на Луис Енрике, голем хендикеп за каталонскиот гигант во битката за титулата може да биде еден потег од 65-та минута од натпреварот.

Нејмар заработи втор жолт картон по еден жесток старт кој го направи над Љоренте, но ако ова во превод значеше дека ќе го пропушти само натпреварот со Реал Сосиедад кој е на програмата следниот викенд, потегот кој го направи додека одеше кон соблекувалната нема воопшто добро да влијае по него.

Бразилецот иронично му аплаудираше на четвртиот судија за арбитражата и добиената казна, а според прописите и правилникот во Примера, ваквото однесување значи дополнителна казна, односно суспензија од два или три натпревари. Сите шпански медиуми пренесуваат дека Нејмар речиси сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ дуелот кој за Барселона доаѓа по средбата со Реал Сосиедад, а главна причина за тоа е фактот што главниот судија Хил Мансано го забележал непотребниот гест во својот записник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top