Поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“ стигна и од Мелбурн каде група граѓани се собраа со протести против Тиранската платформа се со цел да се задржи суверенитетот и унитарноста на Македонија.
Македонците во Австралија со македонски знамиња, пароли и натписи протестираа и порачаа дека нема да дозволат да се променат името, знамето, химната и државниот грб.
Мелбурн е еден од многумината градови каде што Македонците досега излегоа на протести и застанаа во одбрана на унитарноста на Македонија, против Тиранската платформа која е вовед во редефинирање и федерализација на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
Маестро, ти пееше за да ја има, а тие брзаат неа да ја нема!
-
И јас сум Игор Дурловски – социјалните мрежи преполни со поддршка!