| четврток, 6 декември 2018 |

На Косово нема војска без дозвола на НАТО и САД

вој

Косовскот премиер Иса Мустафа изјави дека војска на Косово ќе се формира само со поддршка на САД и на НАТО и додаде дека е добро што претседателот Хашим Тачи работи во тој правец.

– Претседателот презеде иницијатива да ја процесуира армијата. Ние ја поддржуваме секоја инцијатива што ќе доведе до формирње армија во соработка со САД и со НАТО. Исто така, ги поздравуваме и чекорите кои сега се прават за создавање можности за оваа соработка, истакна вчера Мустафа на партиска средба во Малешево.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја почна иницијативата за формирање армија на петти март, на денот на старешинте на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предлагајќи измени на Законот за безбедносните сили на Косово во армија.

На неговата иницијатива веднаш се спротивставија САД и НАТО, формирањето на армја да биде преку измени во Уставот, за што се потребн две третини од гласовите на мнозинството и малцинставата.

Но, Владата на Косово не му одговори на барањето на предлог законот, а Тачи го повлече барањето армијата да се формира преку закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top