Актуелниот италијански шампион продолжува со сигурните игри во домашниот шампионат бркајќи ја одбраната на титулата и оваа сезона.
Вечерва во Торино „старата дама“ славеше рутинска победа под 2-0 над Киево во рамките од 31.коло во Серија А и на седум кола до крајот на шампионатот има високи девет бодови предност пред Рома, но и натпревар повеќе бидејќи Рома утре ја очекува натпреварот против Болоња.
Творец на триумфот на „Старата дама“ во Торино беше Гонзало Игуаин со два погодоци, првиот во 23. минута а вториот во 84. минута, за конечни 2-0.
Ова е добра најава за навивачите на Јувентус бидејќи веќе следната седмица го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Барселона, а Гонзало Игуаин постигна четири гола на последните два меча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)