Не сме преговарале со ДУИ за Тиранската платформа, ја одбивме веднаш, истакна во ТВ 24 Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-И господинот Артан Груби добро го објасни ова дека не е направена коалиција, затоа што она што било разговарано или преговарано со ВМРО-ДПМНЕ било оценето како недоволно. Јас неколку пати досега имам кажано дека веднаш на самиот почеток ја имаме одбиено Тиранската платформа и не прифативме да разговаравме за неа. И немаме коалиција со ДУИ, посочува Тодоров кој додаде дека според нив Тиранската платформа не може да биде предмет на преговори или договор за владина коалиција.
Тој додава дека не успеле да се договорат поради повеќе причини.
– Гледаме дека ДУИ сега дискутираат до СДСМ, дали се договориле или не не знаеме затоа што имаме еден комплетно не транспарентен процес. Граѓаните не знаат што е предмет на тој договор и што се е усогласено. Ако тие не се усогласат и ако ние повторно разговараме со ДУИ, повторно ќе останеме на нашите ставови, а тоа е дека нема да дозволиме двојазичност на целата територија, редефинирање на дравата и бараме целосно отфрлање на Тиранската платформа, нагласува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)