„Заедничкиот јазик е Деловникот на Собранието на Република Македонија. Тоа се правилата според коешто работи Собранието“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев во вестите на ТВ Нова.
Тој додаде дека тоа што СДСМ сега го бара се нема никогаш случено во 27 години македонски Парламент.
-Не може да се прекине точката на сред точка и да се смени дебатата. Може да се смени редоследот на точките доколку некоја точка завршила, значи не може во сред дискусија. Не може во сред точка да се менува редоследот на точките на седница во Собранието. Тоа никогаш се нема случено до сега, ова што СДСМ го бара е надвор од сите правила и тие добро тоа го знаат- посочи Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)