Форд Модел Т
Почнува да се произведува во 1908. И покрај сите автомобили, создадени пред него, токму овој модел има огромно влијание врз 20 век. Форд Модел Т е првиот автомобил достапен за средната класа. Продадени се 15 милиони парчиња.
Фолксфаген Буба
Почнува да се произведува во1938. Создаден од Фердинанд Порше, со поддршка од Адолф Хитлер, оригиналниот Битл има најдолг производствен циклус од сите возила. Низ историјата се продадени 21 529 464 ваков модел автомобили. Битл поставува стандард за мали автомобили како Шевролет Корваири Форд Пинто.
Јагуар XK 120
Почнува да се произведува во 1948. Ова е првиот автомобил, склопени од Јагуар по Втората светска војна. Претставен е на автомобилскиот саем во Лондон во 1948 година како тест возило за моторот XK и како најбрзо склопени модел во тоа време, Јагуар XK станува хит од самиот почеток. Холивудските ѕвезди Кларк Гејбл и Лорен Бакол управувале таков автомобил. Јагуар XK 120 е прогласен за еден од најлуксузните и убави автомобили создадени некогаш.
Трабант
Почнува да се произведува во 1958
Нискобуџетен автомобил, произведен во Источна Германија. Овој автомобил е создадена како евтин автомобил за народот, но неговата ниска ефикасност, чудна внатрешност го претвора во симбол на неуспехот на економијата. Сепак колата има 30-годишно производство со повеќе од три милиони продадени броја.
Порше 911
Почнува да се произведува во 1964. Една уникатна карактеристика на Порше 911 е огромниот успех во сите години на неговото производство, како и фактот дека секоја следната генерација на моделот Порше успева да создаде автомобил со исклучителни карактеристики.
Друга карактеристика на автомобилот е нејзиниот изглед кој води корени уште од првата генерација и дозволува да биде препознаен од секој агол.
Форд Мустанг
Почнува да се произведува во 1964. Само во првите 18 месеци биле продадени милион автомобили од овој модел.
АМЦ Игл
Почнува да се произведува во 1980. Автомобилот постигнува огромен комерцијален успех.
Џипот Чироки
Почнува да се произведува во 1974. Тој може да се користи како практичен семеен автомобил. Додека Ленд Ровер претставува луксуз, ориентиран кон тесен круг истомисленици, Чероке се труди да стигне до пошироката публика.
Доџ Караван
Почнува да се произведува во 1984. Иако со скромен изглед, овој автомобил ја постави основата за семејните автомобили. Простор (места за седум патници, трет ред седишта) и удобна внатрешност инспирира многу конкуренти како Хонда и Киа.
Тојота Приус
Почнува да се произведува во 1997 во Јапонија, а 2000 во САД. Првиот еколошки конструиран автомобил на новиот милениум станува најпродаван хибрид во светот. Со него компанијата се oбидува да го зајакне имиџот на еколошко размислување. Тивок и економичен, Приус достигна до 3,3 милиони единици во октомври 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови












