Во Собранието се спречува обидот на СДСМ на мала врата да ја протнат Тиранската платформа и да ја редефинираат државата. Тоа е суштината. Бегањето од дебата на СДСМ околу Тиранската платформа говори за тоа дека не се подготвени пред народот да кажат што прифатиле и дали тоа за тоа што го прифатиле добиле доверба од граѓаните, истакна во вестите во ТВ 24 членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.
-Тиранската платформа да не се дозволи да биде насилно имплементирана во Македонија затоа што сметаме дека тоа е една сериозна изборна измама на граѓаните без разлика за кого гласале или воопштво не гласале, затоа што ако граѓаните би знаеле дека вакво нешто треба да се имплементира по изборите веројатно поинаку би гласале, вели Тодоров.
Има гласини дека СДСМ ќе се обидат насилно, пред Велигден да се преземе Собрание и тоа ќе биде една огромна глупост која може да ја направат, тоа е воведување во хаос на државата. Се надевам ќе се воздржат од било какви насилни обиди за преземање на Собранието. Се надевам дека такви идеи во СДСМ, нема да добијат одобрување, истакна Тодоров. Тој додаде дека доколку дојде во такво нешто, сигурно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има соодветен одговор.
-Нема да дозволиме СДСМ да ја силува државата и нема да дозволиме СДСМ на насилен начин преку кршење на Деловникот или Уставот и прописите во Македонија, да се обиде на задна врата да ја прошверцува Тиранската платформа, вели Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.