| четврток, 6 декември 2018 |

Бод за Атлетико Мадрид во градското дерби на „Сантијаго Бернабеу“, Гризман е херојот за „јорганџиите“ (видео)

antoan grizman

Во 214. по ред „дерби мадрилењо“, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа без победник 1-1. Пепе донесе водство за екипата предводена од Зинедин Зидан, а Гризман донесе бод за гостите.

Мадридското дерби ја донесе очекуваната динамика, а Реал е тимот што има за што да жали ако се знае дека избраниците на Зидан триесетина минути имаа водство, но не успеаја да го задржат примајќи гол во самиот финиш. Антоан Гризман, кој промаши пенал во ланското финале од ЛШ, овојпат беше херој на „јорганџиите“ постигнувајќи го изрманувачкиот погодок за голем бод за Атлетико, кој е во трка со Севилја за третото место и директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

pepe

Претходно, Облак имаше неколку одлични интервенции на голот на Атлетико пред Пепе да го постигне водечкиот погодок, со прецизен удар со глава по центаршутот на Тони Крос. Реал потоа непотребно целосно се затвори, му ја препушти иницијативата на противникот, за што стигна и казната со погодокот на Гризман.

„Кралевите“ со ова реми сега имаат три бода предност во однос на Барселона, каталонците вечерва го играат својот дуел со Малага, но и Реал има натпревар помалку, оној одложениот на гостински терен со Селта Виго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top