Во пресрет на денешното дерби со Атлетико во Примера дивизија, тренерот на реал Мадрид Зинедин Зидан ја изненади шпанската јавност со шоканта изјава дека не знае дали и следната сезона ќе го предводи „кралскиот клуб”.
– Моето продолжение на започнатата работа во Реал не е сигурно. Ништо не подготвувам за новата сезона, не добив никаква наредба од управата. Знам дека кога тренирате клуб како Реал, има и добри и лоши страни во таа работа. И затоа размислувам само за секоја следна средба, никако и за наредната – кажа популарниот „Зизу”.
Знае Французинот дека денеска нема да му биде воопшто лесно во дуелот со „јорганџиите”, посебно поради ужасниот ефект кој го има со нив во лигата, три врзани порази на свој терен од Атлетико.
– Немам објаснување за таа серија на порази. Ќе видиме дали нешто се променило. Атлетико е тим кој од сезона во сезона се подобрува, и не ги гледам како екипа која ја расипува играта, како што тврдат многумина. Мислам дека се исклучително офанзивни, но ќе пробаме се за утре да ги изнервираме и да ги исфрлиме од ритам – порача Зидан пред мадридското дерби, во кое ќе го врати назад на теренот триото Бејл-Роналдо-Бензема, кои одмараа на последниот првенствен меч со Леганес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Официјално: Атлетико Мадрид ги продаде Карраско и Гаитан во Кина
-
Аргентинецот Нико Гаитан заминува од Атлетико Мадрид
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)