Синоќа, неколку минути пред полноќ на улицата Туристична без број во Охрид, по претходна вербална расправија со вработен од угостителскиот објект Беко, Благоја П. од Охрид , земал автоматска пушка и пукал со неа внатре , а потоа и пред објектот.
За среќа во инцидентот нема повредени иако во моментот во објектот имало гости.
Охриѓанецот е приведен и одземени му се една пушка и пиштол кои ги поседувал без одобрение.
Приведен е и Томче Н. кој бил заедно со насилникот во моментот на настанот.
Полицијата изврши увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.