Меѓународната фудбалска федерација соопшти дека минатата година имала огромна загуба од 369 милиони долари. Непрофитабилното работење на ФИФА се должи на трошоците за истрага на корупцијата, како и повлекувањето на дел од спонзорите токму поради тие процеси.
ФИФА соопшти дека оваа година очекува да биде во уште поголема загуба, но дека во 2018 година очекувања профит од милијарди долари, пред се од телевизиските права за СП во Русија.
– Ваквата ситуација е сосема очекувано, ако се земе во предвид истрагата против претходните ченици. Сето ова има големо влијание врз целокупниот приход – се наведува во финансискиот извештај на ФИФА за 2016 година објавен на 116 страни.
ФИФА минатата година потрошила повеќе од 50 милиони долари за истрагата на америчките и швајцарските власти за мито и корупција. За конгресот за избор на нов претседател (Џани Инфантино) се потрошени 7,9 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.