На хрватскиот фудбалски репрезентативец Домагој Вида му се закануваше суспензија поради изјава која ја даде по мечот со Русија, но Светската фудбалска федеација (ФИФА) му прогледа низ присти и тој ќе може да настапи во полуфиналето против Англија.
Вида по пласманот на Хрватска во мундијалското полуфиниле и елиминацијата на домаќинот рече „Слава на Украина“, што е извик кој го користат украинските војници и националисти. Изјавата беше протолкувана како политичка со оглед на нарушените односи меѓу Русија и Украина.
Хрватската фудбалска федерација со соопштение се огласи за овој непријатен настан:
„Хрватската фудбалска федерација ја користи оваа можност да реагира на интерпетацијата на изјавата на Домагој Вида и Огнен Вукојевиќ по мечот против Русија, поради која ФИФА ги опомена двајцата играч. По четвртфиналниот натпревар меѓу Русија и Хрватска во Сочи, хрватскиот репрезентативец Домагој Вида и членот на стручниот штаб, Огнен Вукојевиќ, преку социјалните мрежи испратија порака наменета до пријателите во Украина каде поминаа голем дел од кариерите.
Хрватската фудбалска федерација нагласува дека испратената порака е само одговор на пораките кои овие двајца фудбалери ги добиваа од Украина во текот на целото првенство, со оглед на тоа дека и двајцата долги години беа членови на Динамо Киев.
Како и да е, Хрватската фудбалска федерација ги предупреди Вида и Вукојевиќ, како и сите останати репрезентативци во иднина да се воздржат од било какви пораки кои би можеле да бидат политички протолкувани“, стои во соопштението на федерацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.