Огромен број на автомобили се собраа пред двете појдовни точки за денешната активност на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Накитени со македонски знамиња од спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ тргнаа километарските колони кон Собранието на Република Македонија, како крајна дестинација. (Следете во живо тука)
Од иницијативата вчера преку социјалната мрежа „Фејсбук“ порачаа дека денес со автомобили ќе се лее црвено жолтиот бран низ Скопје.
-Утре во Скопје го потсетуваме разбудениот град дека наредната недела е клучна. Дека не чекаат важни денови и предизвици. Дека часот е велик, а ние достојни за одговорноста која ја имаме во оваа трошка од историјата, на наша смена, да го зачуваме наследеното од дедовците и позајменото од нашите деца: иднината на Република Македонија, напишаа од граѓанската иницијатива вчера на нивната страна на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“