| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на Водно голема роденденска забава за скопската жичница

Вечерва со забава на врвот на Водно ќе се прославува вториот роденден на жичницата во Скопје. Забавата ќе започне во 22 часот, а се очекува да трае и до 5 часот изутрина. За музиката ќе се погрижат дел од најдобрите македонски диџеи како Бабура, Банчез, Марга Сол, Боби и Дела.

За успешна забава, а и со цел повеќе заинтересирани граѓани да учествуваат на забавата, автобуси на ЈСП ќе возат од 22 часот до 5 утрото на секои 40 минути. Тргнувањето е од трговскиот центар, а се стигнува до Средно Водно, а потоа до врв се оди со жичница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top