| четврток, 6 декември 2018 |

Вестрбук го израмни рекордот на Робертсон стар 55 години

Расел Вестбрук и официјално стана вториот играч во историјата на НБА лигата, кој регуларниот дел од сезоната ќе го заврши со трипл-дабл просек.

Вестбрук на синоќешниот меч кој неговиот тим Оклахома го загуби на гостувањето кај Феникс со 120:99, ги оствари потребните шест асистенции и на три меча пред крајот на регуларниот дел од сезоната го повтори историскиот успех на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/62.

Најдобриот играч на Тандерс оваа сезона во просек бележеи 31,8 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции, додека пак Робертсон пред 55 години имал просек од 30,8 поени, 12,5 скока и 11,4 асистенции.

Вестбрук на дуелот против Феникс имаше шанса да дојде до 42-от трипл-дабл сезонава и да го мине Робертсон, но не успеа, бидејќи му недостигаа две асистенции. Тој средбата ја заврши со 23 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Од останатите натпревраи одиграни ноќеска во НБА лигата го издвојуваме поразот на шампионот Кливленд на домашен терен од Атланта со 100:114 како и минималната победа на Торонто против Мајами со 96:94.

На другите натпревраи беа постигнати следниве резултати: Хјустон – Детроит 109:114, Мемфис – Њујорк 101:88, Далас – Сан Антонио 89:102, Денвер – Њу Орлеанс 122:106, Јута – Минесота 120:113 и ЛА Лејкерс – Сакраменто 98:94.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top