| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Петар ја отпеа „Послушајте патриоти“: Патриотите на браникот на татковината (ВИДЕО)

По повод 115-годишнината, цвеќиња на гробот на војводата Методија Патчев, пелагониски-преспанскиот владика Петар заедно со патриотските здруженија и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристевски ја пееа македонската патриотска песна „Послушајте патриоти“.

Панахидата беше организирана на вечното почивалиште на војводата во прилепско Кадино Село, а градоначалникот на општината им се заблагодари на присутните за присуството. Од патриотските здруженија велат дека ќе стојат на браникот на државата.

„За прв пат сме овде и ветуваме дека сето ова ќе стане традиција во наредниве години, како здружение стоиме на браникот за одбрана на Татковината како вистински македонски синови“, посочи Горан Лазарески член на Патриотските здруженија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top