„Три јунаци“, „Руска кула“, „Пендрак“, „Морков“, „Пиштол“, „Подморница“ – се само некои од многуте необични, но на сите познати имиња, претежно на старите згради во Подгорица.
Впечатливите имиња кои претставуваат обележје на главниот град на Црна Гора датираат уште одамна, а секоја зграда е приказна сама по себе.
Зградите со специфични бои се познати како „Јужно овошје“, па кулите со изразите црвена и портокалова боја се наречени „Цреша“ и „Портокал“, додека пак во нивна близина се наоѓаат „Лимон“ и „Киви“.
„Морков“, кој се наоѓа во близина на центарот на градот, исто така, името го добила според својата боја, а истата судбина ја делат и „Канаринец“ и Папагал“.
Облакодерите во кои се сместени полицајци, симболично се наречени „Два пендраци“, додека пак зградата во која се доселувале новите становници на Подгорица, граѓаните ја нарекле „Селанка“.
Зградата кај градските гробишта, помладата генерација ја нарекла „Поглед кон иднината“, додека пак облакодерите „Пет вдовици”, се така наречени уште од времето која во тој дел немало други згради.
Зградата „Памук“, пак, го добила своето име затоа што е рамна и нема балкони.
Трите солитери изградени на местото каде порано се наоѓал сточниот пазар, во негова чест се наречени „Три крави“.
Зградите во кои се сместени функционери, академици и професори, се познати како „Лордови“ и „Зграда на мозоци“, а поради нивната коцкеста форма, постојат три згради кои се нарекуваат „Коцки шеќер“.
Меѓу бројните имиња, кои секогаш извлекуваат насмевки, се зградите каде се сместуваат странски туристи и се викаат „Версаче”, „Руски кули“, „Наполитанка“ и други.
Она што почна како шега, сега кај граѓаните од Подгорица е навика, па секоја следна и нова зграда ќе добие свое име, а можеби и поинтересна анегдота и приказна околу тоа име отколку овие старите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.