| четврток, 6 декември 2018 |

Од Аеродром и Карпош да се слееме пред Собрание – за Македонија точно напладне

Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА преку својот ФБ профил ги информираат граѓаните дека утре главниот град ќе го потсетат дека наредната недела е клучна.

Тие понатаму во својот статус велат дека не чекаат важни денови и предизвици. Дека часот е велик, а ние достојни за одговорноста која ја имаме во оваа трошка од историјата, на наша смена, да го зачуваме наследеното од дедовците и позајменото од нашите деца: иднината на Република Македонија.

Со автомобили ќе го лееме црвено-жолтиот бран низ Скопје, од две појдовни точки: 12:00, СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. Завршуваме пред Собрание.

Се гледаме утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top