Кошаркарите на Дарушафака се последниот 1/4 финалист во Евролигата, откако во дуелот против Црвена звезда славеа голема победа со 78:62 и практично ја исфрлија од плејофот.
Во натпреварот кој го одлучуваше последниот патник во плејофот во Еврлогата, турскиот гигант од почеток до крај наметна силен ритам кој не можеше да го следи српскиот шампион, со кој сосема заслужено обезбеди пласман во 1/4 финалето. „Црвено – белите“ во ниту еден момент на оваа средба не успеаја да поведат и по оваа елиминација од понатамошниот дел на натпреварувањето, им преостанува фокусот да го насочат кон финалето во Регионалната АБА лига, каде во финалето ќе ги одмерат силите со хрватска Цедевита. Најефикасен во победничкиот состав беше Бред Винамакер со 22 поени, додека на спротивната страна Огнен Кузиќ постигна 14 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тренерот на Антиќ збесна: Сакате ли на сите тројца да ви удрам по еден шамар? (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Хаос на „вечното“ дерби во Белград: Жестока тепачка на јужната трибина, ги гореле со бакљи и ги соблекле до гола кожа (фото)
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин