Се собравме и денеска оваа е нашиот љубилеен 40 пат и како што самите можете да видете во голем број. Дојдовме уште еднаш да го изразиме нашето незадоволство и уште еднаш да им повториме на нашите политичари, народот е оној кој ве ставил и народот е оној кој ќе ве извади надвор од собранието, изјави Дарко Мијалковски.
-Немојте да мислите дека нас, а не има повеќе од 250 илјади и ќе не фатите неспремни, црното сценарио кое што јасно и гласно се нема откажано од Тиранската платформа нема да ви помине. Никој нема право да ни ги менува знамето, химната, грбот и знамето, никој нема право да ни го менува уставот, да ни ја распродава државата, народот со векови ја има градено и народот има обврска да ја брани својата татковина. Цели 40 дена сме на улиците, ако треба ќе остаме уште 1140 денови, бидејќи тоа им го должиме на нашите претци на нас самите и на нашите неродени деца. Господа политичари откажете се од Тиранската платформа идната влада треба да отпочне со исполнување на она за што сите ние гласавме на изборите. Тиранската платформа содржи анти уставни и анти државни барања и од тие причини мора безусловно да биде отфрлена, рече Мијалковски. Тој потенцираше дека нема да дозволат создавање на бинационална држава и формирање на држава скроена по теркот на Еди Рама и нема да дозволат создавање на голема Албанија.
-Било какви пост изборни документи кои се поставуваат како услов за формирање на идната влада се ништо повеќе освен една класична измама и затоа ќе продолжиме и понатаму да доаѓаме додека не се исполнат нашите барања. Оној кој мисли дека може да го лаже и манипулира овој народ не е свесен со што си игра, ние точно знаеме што сакаме и од ништо не се плашиме. Нема да не спречи ниту дождот, ниту ветерот, ниту снегот, а богами ниту огнот, порача Мијалковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“