Искусниот македонски центар, Перо Антиќ се најде во идеалниот тим на реномираната „Марка“ која се потруди и склопи интересен состав од играчи кои би можеле да ги бранат боите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) ако денеска таа држава се уште беше жива и дел од светската карта.
Според новинарот на овој медиум, Алваро Рока оваа генерација на Антиќ и останатите би можела рамоноправно да се носи и со Соединетите Американски Држави.
-Сегашната генерација не би била најдобра, ама овие играчи заедно би направиле чудесен тим кој би можел да се спротистави и да биде главен ривал на САД, -заклучува Рока.
Ова е изборот:
Плејмејкери: Милош Теодосиќ (Србија), Горан Драгиќ (Словенија)
Бекови: Лука Дончиќ (Словенија), Бојан Богдановиќ (Хрватска)
Крила: Марио Хезоња (Хрватска), Никола Калиниќ (Србија)
Крилни центри: Дарио Шариќ (Хрватска), Никола Јокиќ (Србија) и Никола Вучевиќ (Црна Гора)
Центри: Никола Пековиќ (Црна Гора), Анте Томиќ (Хрватска) и Перо Антиќ (Македонија)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.