Американскиот политиколог Фил Батлер објавил колумна во „Њу истерн аутлок“ во која тој тврди дека распадот на Југославија бил дел од поширокиот план на НАТО сојузот.
„НАТО сакал да ги ослабне геополитичките противници од западниот блок во регионот на Третиот свет и истовремено да ги проголта здравите економии на народите на овие простори.
Секој од нас има свое гледиште за тоа што се случувало во 90-тите години од минатиот век на овие простори, но тие без сомнение се субјективни колку и некој да мисли дека неговата верзија е вистинита, неспорна и непобитна.
Фил Батлер: „Југославија мораше да биде уништена“
Содржината на неговата анализа ја пренесе и италијанскиот„Глобалист’.
„Можете ли да ја замислите Европа денеска со Југославија како клучен играч меѓу народите?“, прашува тој. Југославија всушност беше еден од најголемите културни и социјални експерименти во историјата.
Основана е на подрачјето каде што некогаш почнал конфликтот на Австроунгарското и Османлиското Царство. Таа ги спои двете култури на начин кој не е виден уште од времето на Александар Македонски, кој по големите освојувања ги асимилирал народите. Експериментот, ако може така да се нарече, траел нешто повеќе од пола век. Идеален е од причина што во една држава живееле сите југословенски народи.
Создавањето на Југославија делумно бил и геостратешки потег на Британија и Франција за да се забави или блокира Германија. Со одредбите на Крфската декларација се удриле темелите на воспоставена монархија, која по ништо не се разликувала од Англија.
Правата и правото на глас, почитувањето на темелните принципи на Илириското движење биле ветувачки аспекти во периодот на рана Југославија. Но, тогаш кралот Александар ги укинал уставот и изборите. Заедничкиот живот на етнички и културни групи и понатаму давал надеж за иднината.
Војната, политичките сплетки, внатрешните и надворешни притисоци во тоа време тешко ја оптоварувале оваа нова светска сила. Како што беше случај со многу такви експерименти, конечно, авторитарното владеење станало неопходно, а можеби и пожелно.
Во предавањата по историја националниот херој Јосип Броз Тито станал диктатор. Сепак, тој ја стекнал светската слава, а Западот цврсто ги држел работите под своја контрола, поради тоа што Југославија играла голема улога на светската сцена. Но, кога неговата моќ ослабела, спротивставените сили си нашле свои упоришта.
Нема научници или политичари кои денеска не говорат за тоа, но улогата на Тито во основањето на Движењето на неврзани е голема и исклучително значајна, особено за луѓето кои сега живеат во Хрватска, Србија, Црна Гора и другите поранешни југословенски земји.
Идеалите на Движењето на неврзаните и неговите темели се удрени во Белград во 1961 година. Во создавањето на движењето учествувале Тито, индискиот премиер Нехру, претседателот на Индонезија, Сукарно, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер и претседателот на Гана, Нкрумах. Во најкратки црти, идејата за Движењето на неврзаните го објаснува лидерот на Куба, Фидел Кастро, во говорот во Хавана во 1979 година.
извор:Репортер.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Југоносталгични гаќи ја вознемирија Далмација
-
Карла дел Понте поднесува оставка: Злосторства како во Сирија не сум видела ни во Руанда, ни во поранешна Југославија
-
Како се живееше кога работникот беше господин (ВИДЕО)
-
Tепачката на Бед блу бојс и Делии на „Максимир“ го означи распадот на СФРЈ (ВИДЕО)