Три лица загинаа, а триесет се повредени, кога автобус полн со патници, што оделе на митинг на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Адана, се превртел на патот Козан-Адана, во јужна Турција, соопшти весникот „Милиет“.
Возачот на автобусот ја загубил контролата врз возилото заради поројниот дожд во регионот.
Инцидентот се случил околу 15 часот во регионот на Хакабејли.
Возилата на брза помош, што се упатиле кон местото на несреќата, долго време останале блокирани на патот заради поплавата, предизвикана од поројните дождови.
Повредените се префлени во болниците во Адана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.