Денеска ги имаме црвено-жолтите ракавици за да им кажеме и симболично „СТОП“ на сите кои се обидуваат Македонија да ја качат на Тиранска платформа. Тоа нема да го дозволиме, порача на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата.
Тој вели дека наредната недела ќе биде клучна.
– Мора да продолжиме така, фокусирано и без опуштање, да не има што повеќе и повеќе секој еден ден, особено наредната недела, која ќе е клучна, истакна Илиевски.
Посочи и дека Граѓанската иницијатива со досегашните протести донела промени.
– Ја завршуваме шестата недела и одиме уште јако, уште појако, колку што треба, до кога и да треба. Нема опуштање! Променивме работи, да знаете. Ние донесовме промена, посочи Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“