| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ: Македонија мора да биде бинационална, бидејќи бројките го налагат тоа (ВИДЕО)

И покрај обидите на СДСМ да негираат, од ДУИ повторно потврдуваат дека се планира Република Македонија да стане бинационална држава. Потврдата за скандалозната намера, овој пат ја даде поранешниот пратеник од ДУИ, Тахир Хани, кој вели дека Македонија има основа за бинационална база.
Треба да се признава дека политичкиот систем во Македонија не може да се гради како моноетнички политички систем, туку треба да се сфати дека Македонија е мултиетничка држава и нема за што да се плашат од тоа што има основа за бинационална база. Двете најголеми заедници во Македонија, Албанците и Македонците, мораат бидејќи бројките го налагаат тоа, вели Хани од ДУИ во гостувањето во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М.

Веќе нема дилеми дека со Тиранската платформа се предвидува промена на уставниот поредок на Република Македонија и воведување на двојазичност на цела територија на државата. Впрочем и самите точки од платформата го појаснуваат тоа.

1.Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот

* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.

* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

2.Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.

* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес

* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.

* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5.Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.

* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6.Добри односи со соседите

* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

* Отворање на нови гранични премини.

7.Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Подетално за тоа што значат точките од Тиранската платформа говореше и портпаролот на ДУИ Бујар Османи кој во телевизиските гостувања објасни дека согласно платформата со СДСМ постигнат бил договор за воведување на двојазични банкноти, двојазични униформи за службените лица, прогласување на Србите за извршен геноцид врз Албанците, како и отворање на дебата за промена на националните гимна, грб и знаме, а се со крајна цел промена на името на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top