| четврток, 6 декември 2018 |

Филипинскиот претседател со шокантна изјава: Бог е глупав!

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предизвика контроверзи во својата мнозински католичка земја кажувајќи дека „Бог е глупав“, но неговиот портпарол го брани дека тој само го кажал своето лично мислење.

Дутерте ова го изјави во петокот вечерта за време на говор во својот роден град Давау на југот на земјата, доведувајќи ја во прашање божјата логика во библиската приказна за создавањето на Адам и Ева.

„Адам јадел од стеблото на препознавањето на доброто и злото, тогаш е родена злобата. Тоа е тој глупав Бог?“, кажа тој. „Кучкиниот син е глупав ако тоа било така. Создал нешто совршено и потоа смислил настан кој ќе го доведе во искушение и ќе го уништи квалитетот на неговото дело“.

Дутерте го доведе во прашање и објаснувањето на исконскиот грев, кажувајќи: „Тоа било дело на вашите татко и мајка, вие уште не сте биле родени, но сега го имате исконскиот грев. Каква е таа религија? Тоа не можам да го прифатам“.

Неговиот портпарол Хари Рок побара денес од јавноста да прифати дека Дутерте е склон на остар јазик кога ги изразува своите уверувања.

„Тоа е лично уверување на претседателот. Слободни сме да веруваме во религијата и слободни сме да не веруваме. Претседателот има сопствени духовни уверувања“, кажа тој.

„Не можеме да го обвиниме претседателот ако не е лицемер и би требало да го прифатиме тоа што, дури и кога беше само кандидат, тоа никогаш од нас не го криеше“, кажа.

Дутерте веќе ја критикуваше Католичката црква на Филипините, каде над 80 отсто од населението се практични верници, прозивајќи ги свештениците поради обвиненијата за корупција и полово малтретирање.

 

извор:мкд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top