Тропската бура предизвикала лизгање на земјиште и поплави на Филипините, во кои загинаа речиси 90 лица. Десетици се водат за исчезнати, информираат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата и службите за вонредни ситуации.
Жртвите се од јужниот остров Минданао. Прекината е електричната енергија, како и комуникациите со погодениот регион, а тоа ги комплицира спасувачките операции во кои учествуваат спасители, војници, полицајци и доброволци.
Невремето, било носено со ветрови со брзина до 80 километри на час. Бурата се движи во западна насока и се очекува до понеделник да се оддалечи од Филипините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.