| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Истото ова го преживеавме во 2001 година

Mirka-Velinovska-2

Глумци, писатели и уметници, интелектуалци, крена ли некој глас, изговори макар буква на службен македонски јазик против тиранското замешателство и повод за балканска војна? Истото ова го преживеавме во 2001 година. Репризава ја следиме, ама гарант последна ќе биде овој пат. Се преиграа овој пат за стално и на големо, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Ниту Иванов ќе го скршат, ниту црвено-жолтата Македонија ќе ја замолчат.

„Јас сега сум убедена дека оваа наша петта колона самата си се попиша и самата си стави плоча. Видете ги само повеќето од академиците заседнати во МАНУ. Таки Фити, академик без дело, историчарот Kатарџиев, поетесата Ќулавкова, се мој до мојега кобајаги творци, а всушност партиски војници и гноен чир на македонското национално тело! Прашајте се каде се едночудо бивши амбасадори кои божем ја претставуваа независна Македонија во светот. Од сите нив на македонска страна јавно дејствува само Ристо Никовски.

Kаде е славната СДС-елита која министруваше, лапаше апанажи и пензии, иако за Македонија не стори ама баш ништо корисно. Kаде им е „преЦеднико 7% “ Црвенковски? Kаде се тајкуните кои во приватизациска пљачка го лапнаа целото општествено богатство што го создадоа работниците. Видовте ли некој од нив или од нивните деца на протестите? Се јавија ли кај организаторите да понудат симболична помош? Се огласија ли писателите? Македонистите од Институтот за јазик? Људмил Спасов каде е? Ги нема, нели? Kаде се елитните и угледни Албанци кои зазедоа високи државни функции, а глумеа цивилизиран свет и лојални граѓани на нашата заедничка држава? Семејството Старова каде е? Глумци, писатели и уметници, интелектуалци, крена ли некој глас, изговори макар буква на службен македонски јазик против тиранското замешателство и повод за балканска војна? Истото ова го преживеавме во 2001 година. Репризава ја следиме, ама гарант последна ќе биде овој пат. Се преиграа овој пат за стално и на големо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top