Борбен авион „супер галеб Г4“ на Војската на Србија се урна утрово на подрачјето на село Слатина кај Шабац, а еден пилот загинал, пишуваат српските медиуми.
Како што соопштило Министерството за одбрана, кое не ја потврдило уште смртта на пилотот, авионот се урнал околу 10.30 ч во текот на изведувањето на редовна летачка обука.
Во селото се екипи на Итна помош, а полицијата го обезбедува теренот.
Очевидци велат дека авионот ниско прелетал преку селото Варна и дека паднал во близина на помошните објекти на едно домаќинство.
Повредени на земјата немало.
Од Министерството за одбрана наведуваат дека во тек е акција на трагање по исчезнатиот пилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)