Капитенот на машката одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев ќе ја промени клупската средина и повеќе нема да настапува за Торај Ероус.
Тој со оваа екипа минатава сезона ја освои двојната круна во Јапонија (Царскиот Куп и првенството), беше еден од најзаслужните за ваквиот историски успех, но реши да побара нов предизвик.
-До сите мои пријатели на Фејсбук кои ми праќаа пораки и ме прашуваа каде ќе играм следната сезона, сакам да ви ги информирам дека нема да играм за Торај Ероус наредната година. Ви благодарам за фантастичните две години и ајде сега да го освоиме Куровашики купот за перфектно збогување. Јас сум подготвен сум за новиот предизвик – напиша Ѓоргиев на своите профили на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.