| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Ако се обидат да го приватизираат Собранието и да си играат тиранска држава, ќе останат без пердуви

Feljton5-1994-111-mirka-velinovska

Види го ти оној Столтенберг од НАТО како си ја пречкрта својата прва изјава, како вели дека тој демек немало да се меша во внатрешните работи на државата. Еди Рама го прими „Цветкота до балчак“. А богами и Хашим Тачи и Али Ахмети и одлепениот Села и кажи-речи сите како нив, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Ниту Иванов ќе го скршат, ниту црвено-жолтата Македонија ќе ја замолчат.

– Од дрон се гледа што се случува кога теренот го брани и чува шумарот. Ловокрадците, дрвосечачите и пироманите, шверцерите и одметниците стануваат нервозни оти одеднаш се потенцијален плен. Па, се разбира, дека ваквиот дивеч се плаши за своето газенце. Терористот Зоран Верушевски им вети уште на почетокот на превратот странска поддршка за нивниот „неолиберален“ калифат. А бре, де бре, таа никако да стигне. Види го ти оној Столтенберг од НАТО како си ја пречкрта својата прва изјава, како вели дека тој демек немало да се меша во внатрешните работи на државава. Еди Рама го прими „Цветкота до балчак“. А богами и Хашим Тачи и Али Ахмети и одлепениот Села и кажи-речи сите како нив. Сосе Kарл Билт.

– И, сега, нормално е што пиздат најшлакнатите во кокошарникот на Сорос, УСАИД и на ЦИА. Мислам на менталните пубертетлии Фрчкоски и Грчев. Ним сега ич не им е до смеење. Не бе, тие ги советуваат своите зомби-следбеници да си ги исукале стаповите со две јајца, та да го фателе на изненадување народот и да удреле по него. Со таквото. И така ќе ја прекинеле НОБ. Е, тоа ти е капацитетот на овие шупци! Во една колумна на времето го споредив Фрчко со Обеликс, кој го советуваше Астерикс како да го украдат лаворовиот венец од царската палата на Цезар. Вели: „Развалимо врата, разбуцамо стражу, узмемо венац и изаѓемо. Kако ти се свиѓа мој план?“ Тоа, де. И Фрле мисли дека уште како бебе паднал во казан со волшебна напивка која му дава ненормална сила, па мозок и не му е потребен, освен троа во патлакот со кој ни се курчи. Секогаш на крајот излегува дека се фали со „фејк оружје“. Оти му е со мал „добац“. На ваков стратешки пристап од страна на дупачот Фрле, Богдан Илиевски двапати кажа каков одговор ќе следува од „изненадениот“ народ. Им порача на Фрлевци дека ако се обидат да си го приватизираат Собранието и да си играат кобајаги тиранска држава, ќе останат без пердуви. Kако што рече, низ три обрачи на македонскиот земски пекол, а преку Собранието, ќе минат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top