Во неговиот последен документарен филм, режисерот Јан Халперин открива што навистина се случуваше во бракот на планетарно популарната двојка. Тој тврди дека постои еден единствен виновник за разводот меѓу Анџелина Џоли (41) и Бред Пит (53), а тоа е братот на актерката, Џејмс Хејвен (43).
– Џејмс беше толку близок со нив, што дури и почна да живее во семејната куќа. Тоа ја прели чашата на Бред. Тој ѝдаде ултиматум на Енџи: или тој или нејзиниот брат – влеи режисерот за „Радар онлајн“.
Според Халперин, односот меѓу актерката и братот е поцврст од било кога, со оглед на тоа што Анџелина него му ја препушти одговорноста за своите деца по разводот.
Дека односот меѓу братот и сестрата е невообичаен и чуден потврдила и нивната роднина, која вели дека Анџелина го носи насекаде со себе бидејќи ѝ носел среќа. Многумина го паметат и моментот кога на црвениот килим пред „Оскарите“ во 2000 година, Анџелина го бакна в уста нејзиниот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.