| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Народот си го бара суверенитетот назад (Видео)

Сведоци сме дека речиси 40 дена граѓаните си го бараат суверенитетот назад.

Го бараат назад со право бидејќи беа спроведени постизборни измами со подметнување на таа тиранска платформа и поставување услови за создавање одредена коалиција, со тоа што мотивите на СДСМ се преку исполнување на антиуставните и антидржавни барања содржани во платформата да формира влада со коалиските партнери од албанскиот блок, смета универзитетскиот професор и политички аналитичар Александар Климовски.

-СДСМ, спротивно на деловникот, форсира побрзо да ги изведе процедурите – да се избере преседател на Собрание, но и да се изврши груб притисок врз другите институции, пред сè во праводудството, зашто лидерот на СДСМ е заглавен во судски постапки, но и навреме да ги испорачаат диктатите наметнати од своите коалициски партнери, пред сè мислам на ДУИ и на Алијансата на Албанците, да се реализираат барањата од тиранската платформа. Најпосле, тие барања се ветувања што албанските партии им ги имаат дадено на своите гласачи, но верувам дека, со оглед на тоа што 60.000 Албанци гласаа за СДСМ, можеби и СДСМ е обврзан да реализира нешто што го ветил претходно, а не е влог што го има, а тоа се тие одредници на државата – јазикот и обележјата, со кои игра, но очигледно губи, народот си го бара суверенитетот назад – рече Климовски.

Во интервју за ТВ „Нова“, Климовски истакна дека раководството на СДСМ е глуво и немо пред апелите на илјадниците луѓе што протестираат. Вели дека излезот од оваа ситуација е утврден во една од точките на манифестот што го понуди ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да се седне на маса и да се развие дијалог бидејќи не може да се оди кон тоа насила да се урива уставен поредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top