Крис Андерсен се изнервира и му удри бодичек на Тајлер Хенсборо од Индијана, а потоа контроверзниот кошаркар на Мајами хит, со интересен прекар „Птица“ дополнително се размав(т)а. Го оттурна истиот противник, а поголем инцидент спречија судиите. Андерсен има интересен колорит од тетоважи низ целото тело, а фризурата му е уникатна. Во минатото додека играше во Денвер, мина некој ден и во притвор, со обвинение за дечја порнографија, но беше ослободен, без да биде осуден. Судиите не успеаја да докажат дека е виновен, па шампионот Мајами хит одлучи да го ангажира со 10-дневен договор. Ги одигра одлично натпреварите во тој период и доби подолгорочен договор во клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)