СДСМ во текот на денешната седница се повика на Деловникот и побара да се изгласа претседател на Собранието. Тоа значи да се прескокне целата оваа дебата што се случува во моментов иако се пријавени уште 50 говорници на оваа тема. Дали нивното барање е легитимно? На оваа тема во „Отворено студио“ на ТВ „Нова“ зборуваше политичкиот аналитичар Александар Пандов.
-Колку што го разбирам Деловникот на Собранието, а сум бил пратеник, таква деловничка можност нема. Ова што се случува во овој момент е Конститутивна седница на Собранието. По верификација на мандатите на пратениците се преминува на втората точка, а тоа е избор на Комисија за избори и деловник, сега се на таа точка. Не постои можност во согласност со Деловникот да се прескокне таа точка и да се помине на следната. Втора работа, досега во овие 26 години немало ситуација во која сме се собрале поголем број пратеници и затоа што не ни одговара она што го дискутираат останатите партеници по некоја точка, да речеме „Ајде да ја прескокнеме оваа точка и да преминеме на следната“. Тоа е она што сака да го направи СДСМ – вели Пандов.
СДСМ се бореше за слобода и демократија, вели Пандов, а сега им забранува на пратеници во Собрание да говорат на одредена тема.
-Имате илјадници луѓе на улиците кои бараат да се говори и да се открие зошто Заев доби 67 потписи. Запознаени ли се и пратениците на СДСМ што договорил Заев за да ги добие тие потписи? Дали се согласуваат со таа тиранска платформа? Зекири отворено кажа дека се согласува, но не верувам дека од неговите редови едногласно се согласуваат. Досега ниту еден не се одважи да каже.
– Иако сум избран од листа на СДСМ, не ја прифаќам тиранската платформа, ниту пак сакам прва точка точка да ни биде воведување на втор службен јазик – рече Пандов.
Тој истакна и дека голема грешка е да се правиш глув пред народот што секојдневно е на улиците, говорејќи за протестите „За заедничка Македонија“ и тоа што СДСМ не се одзва на нивните барања.
-Ни најмалку не би сакал да бидам во чевлите на Заев, Шекеринска, Спасовски и Шилегов. Зошто? Затоа што на улиците е присутен огромен број на луѓе, што реално досега не се случило во Македонија. Тие луѓе не се дојдени за пари, сендвичи или сокче, секојдневно одат на улиците и сите ќе ви кажат дека се исплашени за сопствената иднина и не сакаат да слушнат за таа тиранска платформа – рече Пандов.
Додаде дека не може да се постават на позиции раководни лица, како претседател на Собрание, што не ја отфрлиле тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?