| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете што ми направи пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски (Фото / Видео)

Пратненикот на СДСМ Максим Димитриевски ме претепа во кафеана затоа што не сакав да седам со него на иста маса. Вака нападнатото 28-годишно момче од Куманово го објаснува вчерашниот инцидент во кој, според него, пратеникот на СДСМ го нападнал во кафеана.

dete

Момчето вели дека откако на Димитриевски му било кажано дека не сакаат да седи со нив, тој почнал да ги навредува, по што брутално го нападнал момчето.

-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да нѐ навредува, да нѐ пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција – тврди нападнатото момче.

Вели и дека како последица на ударите од Димитриевски, тој има еден скршен и еден напукнат заб.

-Еден заб ми е скршен, еден ми е напукнат и во пределот на устата сум повреден. Расцепени ми се усните и исто така имам модринки во пределот на усните – рече момчето.

dete 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top