Притворањето на новинар за текст објавен пред неколку години е прекумерно и негативно влијае на слободата на медиумите, се наведува во денешната писмена изјава на претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ.
На новинарите, како што посочува, мора да им се дозволи да истражуваат за прашања од јавен интерес ослободени од закана за затворање и без да бидат присилувани да ги откриваат своите извори.
Мијатовиќ додава дека дури и во случаите кога станува збор за тајност или за заштита на сведоци, притворањето на новинари е „прекумерно“.
Кежаровски пред неколку дена беше приведен, а потоа и притворен поради текст објавен пред пет години за случајот „Ореше“. Новинарот објавил интервју со лице кое потоа стана заштитен сведок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.