Роџер Федерер објави дека ќе ги пропушти претстојните турнири што ќе се играат на земјени терени, но тоа нема да значи и целосен одмор од тениските активности на Швајцарецот. Имено, денеска беше обелоденето дека тениската легенда ќе одигра хуманитарен меч во Сиетл на 29 април, во кој за партнер во дубл Федерер ќе го има основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Еден од противниците на овој дубл ќе биде Џон Иснер, кој дополнително ќе го објави името на својот партнер во овој хуманитарен меч. Воедно, Иснер ќе одигра и сингл дуел против Федерер како дел од овој хуманитарен настан од кои сите средства ќе бидат наменети за хуманитарната организација на Швајцарецот, која помага за собирање на средства за едукација на децата ширум Африка.
Федерер игра извонредно оваа натпреварувачка сезона, закитувајќи се со трофеите на Австралија Опен и на Мастерс-турнирите во Индијан велс и во Мајами. По триумфот во Мајами тој изјави дека се чувствува преморен по настапите во последните неколку месеци и нема да настапува на следните турнири на земјена подлога се до Ролан Гарос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)