| четврток, 6 декември 2018 |

Талески: Манасков ми е како постар брат, единствениот проблем ми е германскиот јазик

filip taleski

Филип Талески мина неколку месеци во дресот на Некар Левен, веќе ги одигра првите натпревари и ги постигна првите голови за „лавовите“, но македонскиот репрезентативец е свесен дека во иднина од него се очекуваат многу подобри изданија во дресот на овој клуб. Во интервју за официјалната веб-страница на Некар Левен екс-капитенот на Металург говори за периодот на адаптација, но и значењето што во овој период го има крај себе репрезентативниот колега Дејан Манасков.

– Дејан Манасков ми е како постар брат, тука е за мене за да ми помогне при сите проблеми. Тој ми е преведувач, но и прв човек кому се јавувам кога и да ми е потребно нешто. Јас сум млад човек што доаѓа во нова земја, живее сам и нормално е да ми е потребно време на адаптација. Најголем проблем во моментов ми е јазикот, одам на приватни часови и мислам дека штом почнам да говорам германски се ќе биде многу полесно – истакнува Талески.

Левиот бек не ја крие гордоста од досегашниот ракометен пат, од Крушево преку младинската школа на Металург до Некар Левен.

– Јас сум од Крушево, но кога имав 13 години мајка ми дојде да работи во Скопје. Му пристапив на Металург, ги минав сите младински категории, работев напорно, на тактички и индивидуален план. Отсекогаш сум бил многу амбициозен, сакав да напредувам секој нов ден. Фактот дека млад заминав во Германија е чест за мене, но исто така и голема обврска – вели Филип Талески.

Некар Левен веќе беше елиминиран од Лигата на шампионите, а заостанува и во битката за титулата во Бундес-лигата.

– Не би било лошо да тргнам со титула. Со нетрпение го очекувам секој нов меч во Бундес-лигата, како и фајналфор турнирот од Купот на Македонија што ќе се одржи во Хамбург. Знам колку долго нашите навивачи сонуваат за овој трофеј и ќе сторам се за да помогнам овој трофеј конечно да заврши во клупските трибини – истакнува македонскиот интернационалец во дресот на Некар Левен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top