| четврток, 6 декември 2018 |

Талески: Вечерва да одиграме меч за наша душа

Дури тројца македонски репрезентативци добро го познаваат германскиот ракомет. Филип Миркуловски и Филип Талески настапуваат во Бундес-лигата, поточно за Рајн Некар и Вецлар, додека пак Ацо Јоновски е дел од третата германска лига.

И не само тие, сите во составот знаат што значи да си игра против една Германија. Квалитетот со кој располага актуелниот бранител на титулата, не става во подредена позиција. Ова баш и не ни смета, Македонија нема што да загуби на овој меч, играме без притисок, а тогаш пак сме најопасни.

– Македонија има одлична позиција во групата по двата тешки натпревари и без притисок влегуваме во натпреварот со Германија. Не сме фаворити, но и немаме што да загубиме. За разлика од нас на Германците и тоа како ќе им значи овој меч за да пренесат бодови. Треба да одиграме меч за наша душа, смета Филип Талески.

– Германија има одличен тим. Прво мора да ја пробиеме нивната гранитна одбрана, а потоа стојат Волф и Хајневетер, двајца фантастични голмани. Имаат добри бекови, крила, кои мора да се сопрат. Треба одбраната да биде на највисоко ниво досега, да си помагаме еден на друг и со помош од трибините да направиме чудо“, вели Талески.

(Спортмедиа)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top